Home Избори 2014 Белевски: Како опција која се бори за промени, веруваме во храброста и...

Белевски: Како опција која се бори за промени, веруваме во храброста и одговорноста на секој граѓанин

32
0
SHARE

Доаѓа денот кога со моќта на гласачкото ливче ќе ја определиме нашата иднина и иднината на државата во наредните 4 години.

Во Недела на 27 Април изборот е јасен. Или ќе дозволиме да продолжи оваа агонија, оваа мачна ситуација и безизлезност која владее 8 години во државата или ќе избереме ПРОМЕНИ кои ќе донесат нов почеток и подобра иднина за сите нас.

Нудиме кандидат за вистински претседател на државата. Проф. др. Стево Пендаровски покажа дека е личност која ќе го врати угледот на Македонија и обнови институцијата Претседател на државата која изминативе 5 години ја немавме.    

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија понуди нова изборна програма. Реална програма за промени, со конкретни мерки и решенија како за враќање на средната класа така и за подобрување на животниот стандард на сите граѓани.

Сиромаштијата и невработеноста во Македонија и понатаму се најголеми препреки со кои се соочуваме како држава. Егзистенција, просперитет и подобар живот за жал се поголем број на млади луѓе и голем број на семејства гледаат надвор од нашата земја.

Од овие причини, лошите политики на власта мора да бидат поразени. Ако продолжи да царува сиромаштијата и невработеноста и ако продолжи иселувањето од земјава ќе имаме држава без народ. Наша обврска како граѓани, и воедно како партија која ги удри темелите на независна Македонија е сето ова да го спречиме. Не смееме да дозволиме да ја изгубиме државата која многу генерации со мака ја граделе.

На оваа криминална власт мора сите заедно да и се застанеме на патот. Криминалот без разлика кој го направил, мора да биде санкциониран а одговарните за криминал да бидат соочени пред судот на правдата. Ако институциите на системот останат глуви и не функционираат тогаш немаме  ни држава.

Почитувани граѓани,

Вие кои сте вработени во јавната администрација, вие кои што примате социјална помош, корисници на земјоделски субвенции, бизнисмени, пензионери, вработени и  невработени, застанете на патот на понижувањата и заканите на власта.

Насекаде во светот власта се плаши од граѓаните, само во нашата земја има граѓани кои се плашат од власта.

Ајде во Недела да ставиме крај на тоа и да направиме промени. Не е живот – постојано да се живее под притисок. Нема среќа кога не постои никаква надеж. Сите гледате дека државата ни пропаѓа. Сите знаете дека со сила оваа Власт сака да се одржи. Но силата е само кај народот. Само вие може да ја наградите или казните било која власт.

Во едно бидтете сигурни. Зад параванот секој е сам и никој не може да дознае кој за кого гласал.

Како опција која се бори за промени, веруваме во храброста и одговорноста на секој граѓанин, посебно кога се работи за иднината на државата. 

Ве повикуваме во Недела да гласаме за бројот 1 за нашиот велешанец Марјанчо Николов. Да гласаме за бројот 3 за Стево Пендаровски. Ве повикуваме да гласаме за поинаква од денешната, за подобра Македонија.

Да гласаме за ПРОМЕНИ!

веб порталот Лисица интегрално го објавува текстот од  денешната  прес конференција на Иван Белевски,портпарол на   ОО СДСМ Велес

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here