Home Свет Борец Баскет утре гостува кај Михајловски. Победа значи второ место на тебелата

Борец Баскет утре гостува кај Михајловски. Победа значи второ место на тебелата

27
0
SHARE

Со победа против екипата на Михајловски во 18-тото првенствено коло кое е закажано за утре Борец баскет да се најде на вторта позиција која на крајот на првенството значи и пласман во првата кошаркарска лига. Од клубот велат дека играчите напорно работат на тренинзните.

Формата е на задоволително ниво. Потребно е во секој натпревар да се влезе со многу енергија и желба за победа, по што успехот ќе дојде. Противникот на Борец во утрешниот натпревар се наоѓа на претпоследното место на табелата, но фактот дека во претходното коло како гости го победија Радовиш дирекниот конкурент за второто место, е знак дека треба да се игра максимално.
Веќе во 19-тото коло велешани ќе го пречекаат токму Радовиш, во натпреварот кој може да биде клучен за целата сезона. Ќе успеат ли во намерата кошаркарите на Борец баскет?
Дали велешаката публика која годинава му дава голема поддршка на клубот во идната година ќе гледа прволигашни средби, останува допрва да се види.
Расплетот се очекува за неполн месец кога ќе се одиграат сите преостанати пет кола.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here