Home Македонија Владина делегација во Брисел на средби со европските преставници

Владина делегација во Брисел на средби со европските преставници

32
0
SHARE

Владина делегација предводена од премиерот Никола Груевски во понеделник во Брисел ќе оствари средби со високите европски преставници.

Преку средбите се очекува максимално интензивирање на дипломатските контакти со цел надминување на политичката состојба во Македонија, пренесува МРТ.

Во вторник во Луксембург, пак, Советот за општи работи (министри за надворешни работи на ЕУ) ќе разговара за ситуацијата во Македонија и се очекува да се донесе заклучок за надминување на политичката криза во Македонија.

Советот се очекува да изрази длабока загриженост за влошување на ситуацијата во земјава и да ги повика лидерите на сите политички партии да пристапат кон решавање на проблемите.
Copyright 2015 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here