Home Избори 2014 ВМРО ДПМНЕ со реакција на денешната прес конференција на Панче Иванов, ОО...

ВМРО ДПМНЕ со реакција на денешната прес конференција на Панче Иванов, ОО СДСМ Велес

17
0
SHARE

Во времето кога СДСМ беше на власт платата на просветните работници изнесуваше 12.000 денари. Поголемо омаловажување од тоа не постои. Денес, кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт платите во образованието се движат во просек од околу 21.000 денари, или за 60 проценти повеќе од времето на СДСМ.

Му благодариме на г-динот Панче Иванов што ги наброи сите проекти на ВМРО-ДПМНЕ во образованието, како што се реконструираните и современи лабаротории, компјутер за секое дете, превод на стручната литератрура и стипендии за студентите и ученциците.

Да потсетиме дека додека СДСМ беше на власт, студентите учеа од литература која во значаен дел беше на српско-хрватски јазик.

Да потсетиме дека благодарение на политиките на ВМРО-ДПМНЕ високото образование со дисперзирањето на студиите и намалувањето на партиципациите, стана достапно како никогаш досега. Како резултат на овие мерки во Велес се отвори Технолошко-техничкиот факултет и неколку други дисперзирани студии на кои што своето образование го оформуваат околу 2.000 студенти од нашиот град. За жал, имајќи ги во предвид сите овие позитивни моменти, СДСМ ги нарекуваше таквите факултети како селски, паланечки и неквалитетни.

Што се однесува на проектите кои и денес беа набројани од страна на СДСМ, истите претставуваат само декларативни заложби без соодветно образложение за нивната реализација, финансиска конструкција и рокови на исполнување.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Велес

Веб порталот Лисица интегрално ја објавува реакцијата на ВМРО ДПМНЕ на прес конференцијата на СДСМ

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here