Home Избори 2014 ВМРО ДПМНЕ со реакција на денешната прес конференција на Славчо Димов, кандидатот...

ВМРО ДПМНЕ со реакција на денешната прес конференција на Славчо Димов, кандидатот за пратеник од СДСМ

24
0
SHARE

СДСМ со денешната пресконференција практично докажа дека ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период спроведува позитивни мерки и политики.

Половина од проектите кои тие ги набројаа или се во фаза на реализација или се веќе најавени.

·Младите луѓе до 29 години од оваа 2014 година веќе се ослободуваат од плаќање на социјални придонеси.

·Неколку години по ред преку Оперативните планови се врши сувенционирање при вработување на млади лица.

·Во новата изборна програма исто така е предвиден и бесплатен автобуски и железнички превоз за студентите и младите луѓе.

·Владата на ВМРО-ДПМНЕ во континиуитет ги стипендира најдобрите студенти и ученици а во иднина значително ќе се прошираат и категориите на лица кои ќе добиваат стипендии од државата.

Ова се проектите за кои СДСМ призна дека се квалитетни решенија кои се во интерес на младите и истите ги копираше во нивната изборна програма. Сите останати мерки кои денес беа набројани се само декларативни заложби без финансиска конструкција, без начин на реализација и рокови на исполнување.

Очигледно е дека СДСМ набрзина напишале список на работи за кои мислат дека граѓаните сакаат да ги слушнат, но не напишале како сето тоа тоа ќе го направат. Затоа граѓаните на 27 април ќе ја направат разликата.

 

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Велес

Веб порталот Лисица интегрално ја објавува реакцијата на ВМРО ДПМНЕ на прес конференцијата на СДСМ

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here