Home Свет Внимателно на Волстрит пред серијата деловни извештаи

Внимателно на Волстрит пред серијата деловни извештаи

18
0
SHARE

На Волстрит во понеделникот цените на акциите паднаа, бидејќи вложувачите стравувајќи дека поради високиот курс на доларот и ниските цени на нафтата, деловните резултати на американските компании ќе бидат слаби.

Индексот Dow Jones ослабе за 45 отсто, на 17.977 поени, индексот S&P 500 се лизна за 0,46 проценти, на 2.092 поени, a индексот Nasdaq падна за 0,15 отсто, на 4.988 индексни поени.

Во девет од десетте сектори на S&P 500 индексот во понеделникот забележаа пад, а најмногу 1,1 отсто загуби индустрискиот сектор. Тоа, во прв ред, е последица на падот на цената на акцијата на „General Electric (GE)“ за 3,1 отсто, откако во петокот, кога компанијата најави реструктуирање и исплата на 90 милијарди долари на акционерите до 2018 година, скокна за повеќе од 10 отсто.

Американскиот долар во понеделникот во однос на кошницата шест светски валути од земјите најголеми трговски партнери на САД доби на вредноста 0,1 отсто, достигнувајќи го највисокото ниво во последните четири седмици. Инвеститорите стравуваат дела високиот курс на доларот ќе наштети на конкурентноста на американските мултинационални компании и дека поради тоа ќе паднат нивните приходи и заработки од странските пазари.

„Сите ги очекуваат деловните извештаи, кои секој ден ќе ги има сé повеќе. Мислам дека вложувачите стравуваат од лоши резултати, па затоа се претпазливи“, вели Џон Кареј, портфељ менаџер во фондот „Pioneer Investment Management“. Во анкетата на Reuters аналитичарите проценуваат дека заработките на компаниите од составот на S&P 500 индексот во првиот квартал паднаа за 2,9 отсто во однос на истиот период минатата 2014 година. Доколку тоа се покаже точно, тоа би бил најслабиот квартал уште од третото тримесечје во 2009 година. „Повеќето инвеститори очекуваат слаби резултати поради високиот курс на доларот, ниските цени на нафатат и слабата потрошувачка во текот на острата зима. Но, ќе видиме, сигурен сум дека ќе има и позитивни изненадување“, додава Кареј.

Цените на нафатат последните седмици растат, меѓутоа во однос на истиот период лани падна за околу 50 отсто, со повеќе од 100 до околу 50 долари за барел. Затоа аналитичарите преоценуваат дека заработките на енергетските компании во првиот квартал ќе биде за 64 отсто помала отколку во ситиот минатогодишен период.

Оваа седмица извештај ќе објават и некои од најголемите американски банки, како „PMorgan Chase“, „Bank of Americа“ и „Wells Fargо“. Финансискиот сектор, според процените на аналитичарите, би можел во просек да оствари раст од 10,8 отсто во однос на истиот лански период., што е најмногу од сите сектори.

Меѓу компаниите коишто оваа седмица ќе ги објават деловните извештаи се и
„General Electric“, „Intel“ и „Johnson & Johnson“. И покрај мрачните најави, вложувачите се надеваат на позитивни изненадувања. Бидејќи аналитичарите, вообичаено, процените за резултатите ги ставаат многу ниско за на компаниите да им биде полесно да ги надминат, а тоа создава простор за раст на цените на акциите.
Copyright 2015 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here