Home Свет Возач се удавил во млеко

Возач се удавил во млеко

18
0
SHARE

Возач на цистерна за млеко во Индија се удавил во млекото што го превезувал откако неговото возило се излизгало од патот и се превртело, и притоа бил пробиен резервоарот со течноста.

Возачот не успеал да се извлече од возилото пред жителите на блиското село да успеат да му дојдат на помош, пишува весникот Times of India.

Несреќниот случај се одиграл во близина на селото Мавинахоле во округот Шивамога во понеделникот. Возачот кој загубил контрола над цистерната во остра кривина завршил во крајпатниот јаз, а целото количество меѓу 2.000 и 3.000 литри млеко се излеало давејќи го.

Поради лизгавиот коловоз од разлеаното млеко, двајца мотоциклисти се излизгале и биле потешко повредени.

Весникот вели дека покрај споменатата несреќа, во истата област во последните 24 часа се случиле уште три други сообраќајни несреќи со неколку жртви и десетина повредени.

Во Индија, инаку, во сообраќајни несреќи последните години гинат повеќе од 135.000 лица годишно. Како причини се наведуваат, покрај необновената патна инфраструктура, и несовесно управување со моторни возила и непочитување на прописите.
Copyright 2015 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here