Home Велес Во Судот во Велес, продолжи судењето за смртта на родилката Маја Кадиева

Во Судот во Велес, продолжи судењето за смртта на родилката Маја Кадиева

429
0
SHARE

Во Основниот суд во Велес, денеска продолжи рочиштето од процесот во која двајца гинеколози и еден анестезиолог се осомничени за смрта на родилката Маја Кадиева и нејзиното новороденче. Иако еднаш веќе изјава во судница имаа дадено повторно позади судската говорница застанаа тројца сведоци.

Она што се бараше како одговор беше поставеноста на работите во гевгелиската болница но и дали осомничениот анестетичар за време на интервенцијата бил под дејство на алкохол. На еден од сведоците, Обвинителството дури му ја предочи изјавата што ја дал во истрага. За веднаш потоа сведокот да ја потврди веродостојноста на изјавата дадена во истрага.

Иако според законот треба да се снимаат сите хирушки интервенции, дали е снимен оперативниот зафат врз родилката денеска не знаеше да одговори директорот на гевгелиската болница др. Сретко Јовановиќ. Но од неговиот исказ , јавноста дозна дека послед овој трагичен настан во болницата донесен е нов апарат за анестезија.
За семејството на починатата родилка секое рочиште е ново преживување на трагичниот настан. Тие очекуваат наскоро правдата да победи.

Маја Кадиева почина на 22 октомври 2015 година во гевгелиската болница на породување со царски рез.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here