Home Велес Во 2016 Општина Велес реализирала 41 инфраструктурен проект

Во 2016 Општина Велес реализирала 41 инфраструктурен проект

913
0
SHARE

Подобрување на инфраструктурата е еден од главните приоритети на кои работи Општина Велес. Надлежните информираат дека во изминатиот период се реализирани над 100 проекти, како во градската средина така и во населените места во околината.
Ако се анализира 2016-та е една од науспешните години на ова поле, велат надлежните. За реализација на проекти поврзани со реконструкција на улици, патишта, водоводи, Општината извршика 41 градежен зафат.
„Од нив 26 се однесуваат на реконструкција (асфалтирање и бетонирање) на улици во градската средина и во населените места, а 15 проекти се однесуваат на поставување нови водоводни линии. Вкупно реконструирани се 27 000 метри од патната инфраструктура и 14 500 метри водоводна мрежа“, рече Славчо Чадиев градоначалник на Општина Велес
Со исто темпо општината продолжува и во наредниот период. Веќе е потпишан договорот за реконструкција на улиците во две велешки села. Асфалтирање во скоро време, кога ќе дозволат временските услови, ќе има во Чалошево и во Мамутчево. Инвестицијата чини 12 милиони денари, а ќе бидт опфатени улици во должина од 2070 метри.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here