Home Технологија Вселенската сонда што патува кон Плутон излезе од фазата на хибернација

Вселенската сонда што патува кон Плутон излезе од фазата на хибернација

30
0
SHARE

По девет години и пат долг 4,8 милијарди километри роботската сонда на НАСА "New Horizons" се пробуди во сабота навечер од хибернација за да ја започне историската мисија за проучување на замрзнатата џуџеста планета Плутон во Куиперовиот појас.

Програмираниот тајмер ја пробуди сондата од електронскиот сон во 21 часот, а потврдата за успешното будење стигна на Земјата во 3:30 часот во недела.

"New Horizons" сега е толку далеку, што на радио сигналите што ги испраќа кон Земјата, а кои се движат со брзина на светлината, им требаат четири часа и 25 минути да стигнат до Земјата.

Набљудувањето на Плутон, неговите сателити и другите тела во ледениот појас на Сончевиот систем, сондата ќе го започне на 15 јануари, а на Плутон ќе му се доближи најмногу на 14 јули.

Плутон се наоѓа зад Нептун во појасот Куипер, подрачје на замрзнати џуџести планети кои кружат околу Сонцето, а за кои се верува дека претставуваат остатоци од формирањето на Сончевиот систем пред 4,6 милијарди години.

Тоа е последниот неистражен дел на Сончевиот систем.

Од откривањето во 1930 година Плутон е мистерија. Научниците се обидувале да објаснат како планета со дијаметар од само 1.190 километри, што е околу половина од ширината на САД, може да постои зад големите планети како Јупитер, Сатурн, Уран и Нептун.

Во 1992 година астрономите откриле дека Плутон, кој е 40 пати оддалечен од Сонцето отколку Земјата, не е сам во далечните пространства на Сончевиот систем, поттикнувајќи го Меѓународното астрономско здружение да ја преиспита неговата дефиниција како планета.

Во 2006 година, кога "New Horizons" веќе беше на пат, Плутон остана без титулата деветта планета во Сончевиот систем и стана џуџеста планета какви што беа откриени повеќе од илјада во појасот Куипер. 

Copyright 2014 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here