Home Македонија Втор ден протести. Граѓаните негодуваат на можната промена на Уставот

Втор ден протести. Граѓаните негодуваат на можната промена на Уставот

125
0
SHARE

Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ вечерва го организираше вториот протестен марш. На овој начин организаторите велат дека граѓаните го искажуваат сопствениот револт против можната промена на Уставот на Република Македонија. И вечерва протестот започна од пред Владата, па до канцеларијата на претседателот Иванов за да заврши пред Собранието на Република Македонија. Тука беше прочитан и прогласот кој е составен од четири точки.
Ние граѓаните ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА, Македонците, Албанците, Турците, Ромите, Србите, Власите, Бошњаците и сите други кои живеат во нашата татковина бараме:

– Сите политички партии заедно со граѓаните да изготват платформа ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА, тука во главниот град на Република Македонија и да ги отфрлат Платформите пишувани во туѓи држави.
– Бараме од политичките партии во преговорите да не помислуваат да усвојат владина програма која не би била изгласана од граѓаните на изборите.
– Бараме од партиите, а посебно од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да не допуштат да се гласа во Собранието законот за двојазична Македонија затоа што тоа ќе биде вовед во редефинирање на Македонија.
-Бараме од Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов да го почитува Уставот, да не доделува мандат после истекување на рокот кој веќе е истечен и затоа што давањето на мандатот за платформа од туѓа држава ќе го направи соучесник во разнебитувањето на Република Македонија.

Покрај во Скопје, вечерва протести имаше и во Прилеп, Штип, Кичево и Куманово. Протестите продолжуваат и утре за кога се најавени протести и во неколку други општини меѓу кои е и Велес.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here