Home Велес Втор ден протест „За заедничка Македонија“

Втор ден протест „За заедничка Македонија“

393
0
SHARE

„Ги повикуваме политичките партии, институциите, невладините организации да ја преиспитаат содржината на Тиранската декларација која со самото нејзино донесување го наруши мирот и спокој на сите граѓани на Република Македонија“, ова барање вечерва го испратија велешани кои беа дел од протесниот марш организиран од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

„За животот во Велес,, одлучуваат велешани, за Македонија одлучуваат граѓаните на Македонија во Македонија. За нас се неприфатливи надворешни уцени и диктати. За нас е неприфатливо било какво редефинирање на Македониа, за нас е неприфатлив секој обид за промена на уставниот статус на македонскиот јазик“, рече Александар Кукулев.
Пред велешани говореше и Панче Ќумбев. Тој повика на зачувување на унитарноста и соживотот во Македонија.

„ Не можам да останам миpен, кога гледам дека некој oд страна сака да ја разнебити државата и да си игра мајтап. Нема да дозволиме никој да ја дели, туку да создадеме подбра иднина за нашите деца. Ова што денес ни се случува е големо искушение, но многупати сме докажале дека Македонија е над се“, реча Ќумбев.
И вечерва собирно место беше платото пред споменикот на Панко Брашнаров. Таму на насобраните велешани им се обрати Веле Алексовски.

„Мајка Македонија ќе ја браниме и ќе ја одбраниме. Нема сила која ќе не одвои од скутот на нашата намачена земја. Со ова ,,албанска ,, платформа сакаат да направат кантони и да ја кантонизираат. Ние немаме кантони а давање, имаме за земање. Тоа се Лерински, Воденски, Солунски, Драмски, во соседна Бугарија Горно Џумајски, Сандански, имаме во Косово кантони Гора, во Албанија Мала Преспа, Голо брдо. Коа ќе им дадат македонски јазик до Скадар и Драч, нека повелат до Берово и Струмица“, рече Алексовски.

Случајно анкетираните велешани очекуваат нивните пораки да бидат сериозно разбрани.
„Ние не сме против соживот со македонците албанци.Ние сакаме да живееме како и досега“,
„Не за промени на Уставот, знамето и јазикот“,
„Македонија во минатото била делена, нема да дозволиме поделби и сега“, велат случајно анкетираните велешани.

Организаторите на протесниот , граѓанската организација „За заедничка Македонија“ ги повика велешани и утре да бидат дел од мирниот протест, кој повторно започнува во 17 часот од пред споменикт на Панко Брашнаров.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here