Home Велес ГДОМ собира потписи за велепредавство на Заев во Велес

ГДОМ собира потписи за велепредавство на Заев во Велес

74
0
SHARE

Со ставање на потпис на  иницијативата на Граѓанското дружење за одбрана на Македонија, велешани застанаа во одбрана на уставот и државниот поредок. Секој потпис, велат е барање Зоран Заев да добие институционален одговор за неговото незаконско и антидржавно однесување.

„Досега имаме собрано 9.500 потписи.Со потписите во Велес очекуваме дека ќе стигнеме до бројка од 11 илјади. Овие граѓани очекуваат  час поскоро ова да заврши, и  дека на овој циркус  кој е во организација на Зоран Заев  конечно ќе му се стави крај а целиот процес ќе влезе во судска постапка“, рече Алексанар Пандов, ГДОМ.

Скоро три месеци Заев го уништува угледот на Државата а со самото тоа и угледот на граѓаните, велат од ГДОМ.Но она што најмногу ги иритирало   велешани  е  оддавањето на државни тајни.

„ По сите информации што ги слушаме се знае зошто треба да одговара, чим е велепредавник треба да одговара за велепредавство“,

„Одавање на државна тајна може да направи само некој кој не и мисли добро на државата“,

„Оваа иницијатива се надевам  дека ќе произведе добар и позитивен исход кон остварување на вистинските цели и политики кои оваа влада ги има а другата страна сето ова планира да го оневозможи“, велат анкетираните велешани.

За велешани подржувачи на Иницијативата  нема сомнение, Зоран Заев одработува мрачно сценарио креирано од некои странски центри.Целта била,велат подржувачите на иницијативата,  да се внесе страв и раздот во македонското национално ткиво, како и рушење на државниот систем.

„Во Македонија, работите се менуваат, сведоци сме на странски инвестоции, тука пред наши очи се создаваат работните места, ќе се вработат млади,  е тоа на некој како да му смета, јакне државата, младите ќе најдат вработување тука нема да се иселуваат“,

„Чудно е како и зошто баш сега Заев  ги пласира овие снимки.Презентира како што тој вели разговори,  стари и по неколку години.Зошто СДСМ се враќа во минатото? Ние сакаме да одиме напред а не да се враќаме назад, затоа го ставам мојот потпис на оваа Иницијатива“, велат анкетирани граѓани.

Анкетираните велешани децидни, на власт се доаѓа на избори со понудени проекти чие реализирање  го подобрува кавалитетот на живот, а не како што според нив посакувал лидерот на СДСМ,  со лаги и манипулации. 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here