Home Избори 2014 Гласајте за Промени, порака од Николов, Заев и Пендаровски до велешани

Гласајте за Промени, порака од Николов, Заев и Пендаровски до велешани

48
0
SHARE

Николов,  Заев и Пендаровски синоќа повторно ја побараа довербата од велешани. Ветија промени и подобар живот, но само ако тие во недела гласале за коалицијата предводена од СДСМ

Марјанчо Николов, досегашен пратеник и носител на листата за пратеници во ИЕ бр 3 смета дека дојдено било времето за промени, оти во последните осум години велешани ја доживеале најголемата економска криза.

„Јас знам дека моите сограѓани не се среќни, ако граѓаните не се срекни тогаш и државата неоди напред.Ајде тоа заедно да го променим.Видете околу нас колку дуќани има сите с е затворени нема кој да купува, за да се проеменат работите ни треба вашата подршка.Ќе го решиме проблемот на секој стечаец,ќе го вратиме стариот закон за пензионирање“, рече Марјанчо Николов.

Рецитирајки стихови од Рацин, лидерот на СДСМ, Зоран заев го започна своето обраќање пред  велешани.Вели  дека денеска било исто како во времето на Коста Солев рацин, работниците работеле за малку пари. Излезот од таквата ситуација лежел во промените и новите луѓе кои коалицијата на СДСМ ги понудила на своите листи за пратеници.

„Имаме за цел да ја вратиме средната класа, да ги вратиме парите назат кај граѓаните.Првата придобивка која граѓаните ќе ја почувствувате од новата власт на  СДСМ се вика слобода. Да не се плашат граѓаните  од власта, туку таа да се плаши од народот. Освета и реваншизам нема да има. Понудивме нови лица,чесни и искрени кои сигурно ако ја добијат довербата ќе работат во интерес на граѓаните а не за себе“, рече Зоран заев претседател на СДСМ.

Сите оние кои во првиот круг неиспаднаа да гласаат кажаа не за мојот противкандидат, рече пред велешани Стево Пендаровски, кандидат за претседател на Република Македонија од СДСМ. Смета дека  ако во недела тие испаднат на гласање и довербата му ја дадат нему тој е идниот претседател на државата.

Промените во Македонија може да ги направи само опозицијата предводена од СДСМ, не од останатите политички партии кои за себе велат дека се опозиција.Ако тие промени ние не ги направиме Македонија оди во амбис“, рече  Стево пендаровски, кандидат за претседател на СДСМ и коалицијата.

Најголемиот опозициски блок оваа изборна кампања ја завршува денеска со митинг во Струмица.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here