Home Велес Гореше куќа на Којник. 10 пожарникари гаснеа на улицата Кузман Јосифовски

Гореше куќа на Којник. 10 пожарникари гаснеа на улицата Кузман Јосифовски

536
0
SHARE

Се запали куќа на улица Кузман Јосифовски бр.29, населеба Којник во Велес. Соседите пожарот го забележале околу 18.20 часот. Веднаш била известена противпожарната единица. Додека стигнале пожарникарите соседите помогнале единствениот член на шест членото семејство кое живее во куќата да го напушти домот.

„Бев во дворот, слушнав чуден звук за по кратко време да почнат керамидите да пукаат, наеднаш се појави огромен оган имаше и многу чад. Истрачавме да помогнеме, соседот беше сам дома, потоа дојдоа пожарникарите“,
„Страшно беше, наеднаш пожар, куќите тука се лепенки, одма почнавме да гаснеме, да помогнеме кој колку може“, велат очевидци.

Десет пожарникари со три засебни единици го гаснеле пожарот. Командирот Љупчо Лепидовски вели дека на пожарникарите им биле потребни два ипол часа за пожарот да го стават под контрола.

„Веднаш по пријавата на терен испаднала една екипа, поради обемот на работа пристигнати се уште две екипи. Се интервенираше со три возила а на готовс за дотур на вода беше и цистерната на ЈКП Дервен. Првичниот увид насочува кон сомнеж дека причина за настанување на пожарот е електрична инсталација, односно пожарот почналод бањата од машината за перење и бојлерот“, рече Лепидовски.

Во гаснењето на пожарот пожарникарите имаа помош и од соседите.Со ладење на куќите кои беа во непосредна близина на запалената не се дозволи од искри да дојде до ширење на пожарот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here