Home Македонија Груевски:НЕ за двојазичност

Груевски:НЕ за двојазичност

71
0
SHARE

„Јазикот е главниот атрибут на еден народ.Потребна е заштита и афирмација на македонскиот книжевен јазик, но и воздигнување на повисоко ниво, бидејќи македонскиот јазик е поголем одошто сме ние, но неговата големина нема да ни донесе утеха, доколку биде уништен“, оваа изјава на академик Митко Маџунков ги разобличува сите „убаво“ спакувани пораки на одредени политичари за оправданоста од потребата за воведување на двојазичност на целата територија на Република Македонија.
А токму барањето за воведување на албанскиот јазик или изедначување со македонскиот јазик бил каменот на сопнување и неуспехот за составување на ново владино мнозинство на ВМРО ДПМНЕ, рече во вчерашното интервју лидетот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски.
„Ние укажавме дека е нелогично да има двојазичност на цела територија, во една држава во која македонците се 65 проценти, а лбанците 25проценти, тоа е премногу различно. Втората причина поради која не се согласивме е фактот што албанските граѓани живеат во северозападниот дел од државата и таму веќе ги имаат своите права.На маса беше ставена и Платформата од страна на ДУИ. Сугериравме дека ние неможеме да разговараме за платформа што тие ја потпишале со други политички партии во друга земја.Ние можеме да разговараме за нивни барања а не за туѓи Платформи. Ние во Платформата практично препознавме дека станува збор за обид за редефинирање на Охридскиот рамковен договор.Тоа не е така кажано и никогаш нема да биде така кажано но очигледно е дека со ова барање тоа е намерата“, рече Груевски.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here