Home Свет Давутоглу: Изјавата на папата е погрешна и ќе го зајакне расизмот

Давутоглу: Изјавата на папата е погрешна и ќе го зајакне расизмот

28
0
SHARE

Турскиот премиер Ахмед Давутоглу одговори дека изјавата на Папата дека Ерменците се жртви на „првиот геноцид во XX век“, е погрешн аи оти го охрабрува расизмот во Европа.

Поглаварот на римокатоличката црква, папата Франциск во неделата масакрот на околу, 1,5 милиони Ерменци во периодот меѓу 1915 и 1917 година на залезеот на Отоманското царство, го нарече „првиот геноцид во XX век“, покрај нацизмот и сталинизмот, а Турција веднаш о повика својот амбасадор во Ватикан на консултации во Анкара.

Папата во неделата заедно со ерменскиот патријарх Нерсес Бедреос XIX Тармуни ја водеше литургијата според латинско католички обред во спомен на 100-годишнината од масакрот.

Во масакрите кои во 1915 година ги извршиле османлиските Турци, убиени се 1,5 милиони луѓе, според Ерменија и други западни земји. Турција во поново време прифаќа дека многу Ерменци загинале во судирите кои започнале во 1915 година, но ја отфрла споменатата бројка убиени и дека станува збор за геноцид.

Според официјална Анкара, бројот на загинатите е многукратно зголемен. И истакнува дека загинатите во прв ред биле жртви на граѓанска војна и немири во текот на распаѓањето на Османлиското царство.

Во април 2014 година, тогашниот турски премиер, сега претседател, Реџеп Тајип Ердоган првпат им изрази жалење на внуците на жртвите на масакрите 1915 година при што ја спомена „заедничката болка“.

Изјавата на папата беше „погрешна и бесмислена“, и таа „ќе придонесе за зголемување на Расизмот“, изјави Давутоглу доцна ноќта во неделата, обвинувајќи го поглаварот на римокатоличката црква делка се посветил на патењата на само едната страна.
Copyright 2015 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here