Home Избори 2014 Дадете го вашиот глас на победничката коалиција,за ВМРО ДПМНЕ.Силни пораки на завршниот...

Дадете го вашиот глас на победничката коалиција,за ВМРО ДПМНЕ.Силни пораки на завршниот митинг во градот на Гемиџиите

30
0
SHARE

Во недела народот ќе одлучи на кого ќе му ја даде довербата. Дали Македонија ќе продолжи да оди по патот на прогресот, дали ќе продолжат да се градат фабрики, отвараат работни места, ова Никола Груевски го рече на завршниот митинг на коалицијата „За подобра македонија“, во Велес.

Народот е тој кој треба да направи разлика.А разликата ја има. Доказ за тоа како ние работиме се сите досегашни отчети, тие се нашите влогови дека се што ветуваме остваруваме. На овие избори испаднавме да ја бараме довербата на граѓаните со нови 2046 проекти и 64 илјади работни места, рече претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски. Тој потенцираше дека граѓаните во недела треба да направат разлика помеѓу она што политичарите го работеле и она што го говореле.

„Народот не ги цени политичарите само во тие 20 дена, што ќе ветат и како ќе се однесуваат. За 20 дена не се освојува доверба, ако претходно не си работел чесно, одговорно, искрено, ако не си дал се што е во твоја моќ , ако не си работел од утро до мрак и повеќе како што правевме ние. Ако не си оставил видливи дела, ако не си решил многу  проблеми, во тие 20 дена можеш да направиш што сакаш. Можеш да водиш позитивна, ако сакаш и негативна кампања, можеш да ветиш што сакаш и што ќе ти падне на ум. Нема! Народот е веќе искусен, знае да процени, да види, да молчи, да чека и кога ќе дојде време да си го каже своето. Тоа е македнскиот народ. Тоа се граѓаните на Република Македонија и така треба“,рече Никола Груевски, претседател на ВМРО ДПМНЕ.

Велес знае да препознае кој работи во интерес на граѓаните, затоа и разликата по првиот круг од претседателските избори е 7600 гласови во полза на нашиот претседателски кандидат, подвлекоа  Ѓорги Коџабашиев и Илија Димовски кандидати за пратеници од Велес, додавајки дека од кога е ВМРО ДПМНЕ на власт во Велес запре праксата на отпуштање на работници.  Денеска  800 велешани работат во Дрекслмаер,  100  во Ван Хол во индустриската зона Бунарџик и уште 100-200 одат на работа  во другите фабрики во индустриската зона.Во нашиот град  се гради како никогаш до сега, привршува  изградбата на  театарот, се реконструира новиот мост, се изгради патот за Иванковци, на влезот на Велес се гради огромен кружен тек. Прв пат после 30 години во Велес се реконструира  градскиот стадион, се гради водоснабдителен систем за Велешкото езеро, се реконструираат вентилите на браната на езерото Младост, се градат повеќе паркови, улици.

„Дајте го гласот  за  30 нови  фабрики, за 64 илјади  работни места, за зголемување на пензиите, на платите на социјалната помош, за иаградба на патишта, за реконструкција на водоводни мрежи, за модерни училишта“,рече Ѓорги Коџабашиев, кандидат за пратеник.

„Денес во 21 век ние ќе се бориме мирно и демократски, ќе се бориме европски со гласачки ливчиња. Така се бориме за Македонија на овие избори, така се бориме за претседател на државата кој што е чесен, народен, искрен и  патриот. Со избирачки ливчиња ќе се бориме за 62 пратеници во Собранието, за да не можеме да бидеме условувани и уценувани од никого. Со гласање ќе се бориме Никола Груевски да биде премиер на Македонија“, рече Илија  Димовски, кандидат за пратеник.

Пред велешани говореше и кандидатот за пратеник Владимир Ѓорчев но и носителот на листата  Никола Тодоров. За нив нема дилема велешани знаат да направат дилема,но несмеат да с еопуштат оти во недела на гласање треба да излезе секој, за да се избере врховен командант на АРМ но и мнозинство на пратеници  во собранието на Република Македонија.

„Сите заедно во недела да почнеме со изградба на автопатот кон источна Македонија  и другите автопатишта во централна и западна Македонија. Да го трасираме патот на континуирано имплементирање и реализарање на сите 2046 проекти кои што ги ветивме за да можеме да ги исплаќаме 600 милони евра субвенциите. Заедно да ја градиме браната на Оризарска река, да ги реконструираме патиштата, мостот Гемиџии. Заедно да продолжиме да ја оставриме програмата, рече Никола  Тодоров, носител на листата за пратеници во ИЕбр.3 од коалицијата „За подобра Македонија“.

Благодарам за секој глес кој замене го дадовте пред две недели.Вашата доверба е доказ дека вие ја подржувате мојата работа.Јас бев и ќе бидам вашиот глас, работев за народот на република македониј, работев за државата оти државата ни е се.

„Секој глас за мене е глас за вашето семејство, за вашиот град, за Македонија. Секогаш бев со вас, така и ќе остане. Каде и да одам,  ќе бидам вашиот глас, ќе ја промовирам Македонија како земја најповолна за инвестирање, оти ако државаат економски јаке тогаш ќе има пари за се и за повисоки плати,и за повисоки пензии, субвенции“, рече Ѓорге Иванов ,кандидат за втор  претседателски мандат на Република Македонија  од коалицијата „За подобра Македонија“.

Гласот од велешани  за двојна победа  го побараа и коалиционите партнери.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here