Home Македонија Дегустација на вино и ракија во Неготино

Дегустација на вино и ракија во Неготино

207
0
SHARE

Мостри од, 30 црвени, 18 бели вина и 14 ракии се натпреваруваа годинава во Неготина на манифестацијата за избор на најдобро произведени вино и ракија во домашни услови. Оценувањето го направија стручни лица, енолози од Здружението на винарии од Македонија.

Соња Перковска од Здружението на винарии вели дека меѓу примероците на вина кои денеска се дегустирале имало фаворите и просечни вина. Она што било за поздравување е што од година во година во домашни услови се произведуваат се поквалитетни вина. Тоа пак се должело на почитувањето на традиционалното производство , но и примената на новата технологија, и хигиената при производството.

Според бројот на примероци за дегустација, годинава е рекордна. Денешниот настан за дегустација е дел од програмата со која Општина Неготино го прославува заштитникот на лозарите, светецот Св. Трифун.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here