Home Технологија Децата не ви одговараат на телефон? Оваа апликација е совршена за вас

Децата не ви одговараат на телефон? Оваа апликација е совршена за вас

19
0
SHARE

Оваа апликација е совршена за родителите кои тешко си ги добиваат децата на телефон. Ја лансираше една мајка од Америка на која и здодеало децата постојано да ја игнорираат кога им се јавува, пренесува економски.мк

Апликацијата “Ignore No More” (нема веќе игнорирање), е достапна за Android, и го блокира телефонот на детето кое може да ги повикува броевите од листата по избор на родителите.

“Ни беше потребна апликација која го блокира телефонот на детето на начин да не можат да го користат во целост“, изјави мајката за телевизијата CBS.

Еднаш инсталирана апликацијата “Ignore No More” го блокира телефонот кога детето не одговара на повикот на родителот. Тоа тогаш може да ги сврти броевите од листата која родителите му ја одбрале и итните служби за помош.

Штом ќе се јави на родителите, телефонот ќе се одблокира. Мајката уште мајката “Јас имам шифра за отклучување на телефонот. Со неа можам на синот да му забранам да испраќа СМС пораки, да игра игри или да врти на други броеви. Но секогаш ќе може да повика некоја итна служба“, вели таа.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here