Home Избори 2014 Димов: Во “ПРОМЕНИ за нов почеток” главниот акцент е ставен на ...

Димов: Во “ПРОМЕНИ за нов почеток” главниот акцент е ставен на образованието, здравството, спортот, студентскиот живот и стандард, а младите ќе дојдат полесно до вработување

39
0
SHARE

Младите во Република Македонија најсилно ги почуствуваа погубните политики на актуелната власт. Според Светската банка, невработеноста кај младите во нашата држава изнесува над 50%, што не прави неславни рекордери во нашиот регион и во Европа.

Загрижувачки е фактот дека голем процент од невработените млади луѓе во државата се невработени повеќе од една година, што дополнително ги намалува шансите за нивно вработување. Како резултат на сето ова, во изминатите неколку години преку 230 000 првенствено млади луѓе ја напуштиле државата, а дури 75 % од младите се изјаснуваат дека ја гледаат својата иднина во некој друга држава. Студентскиот живот во Македонија е се потежок и се помизерен.

Во нашата програма “ПРОМЕНИ за нов почеток” главниот акцент е ставен токму на мерките со кои ќе се подобри образованието, здравството, спортот, студентскиот живот и стандард, а младите ќе дојдат полесно до вработување. Наша приоритетна цел е младите да ја градат својата иднина во својата татковина.

На оваа прес конференција ќе ви презентираме дел од мерките од нашата програма кои ќе имаат за цел да ги задржат младите во нашата земја.

 Идната влада на СДСМ:

–  ќе ги ослободи од плаќање на социјални придонеси сите работодавачи, кои ќе обезбедат прво вработување на млади лица до 29 годишна возраст во период од една година.

– Ќе го субвенционираме вработувањето на невработени млади лица на возраст до 29 години, со месечна финансиска поддршка за период од 6 месеци.

– Ќе го субвенционираме јавниот транспорт за сите невработени млади лица до 29 години, заради нивна поголема мобилност за активно барање на работа.

Образованието е шанса која треба да ја добијат сите. Идната влада на СДСМ ќе го промени фокусот на образовниот процес.

За таа цел една од мерките која ќе го промени образовниот процес е укинувањето на екстерното тестирање, како проект што побуди голем револт кај младите. Евалуацијата ќе продолжи, но без внесување на оценки во нивните сведителства.

Сите училишта, кои според резултатите ќе бидат во најдобрите 10%, ќе добијат право на своите сведителства да отпечатат ѕвездичка како училишта со натпросечни резултати. Секој ученик од тие училишта ќе добие екстра бодови за упис во следната фаза на образованието.

За македонските студенти идната влада на СДСМ ќе воведе нова политика за стипендирање на студентите преку:државни стипендии и фискални олеснувања за фирмите кои ќе одвојуваат процент од добивката за стипендирање.

Ќе воведеме државна квота за бесплатно студирање за најдобрите матуранти.

Секој студент ќе добие електронска картичка за студентски поволности: бесплатен јавен градски превоз и попуст за исхрана, концерти, театар, спортски настани.

Во Скопје ќе изградиме Студнтски Град, како што доликува на голем универзитетски центар. Со ова вкупниот број на студентски легла ќе бидат зголемени и нема да има простор за дискриминаторска селекција.

Дополнително, студентите кои студираат во други градови во државата, ќе добијат картички за попуст при користењето на меѓуградскиот превоз. Ова ќе биде значително олеснување за студентите и нивните родители, и е по теркот на многу развиени европски земји.

Затоа во својата Програма "Промени за нов почеток", СДСМ и здружената опозиција најголемиот дел го посветија кон враќањето на средната класа. Македонија треба да биде општество на економски стабилна и финансиски одржлива средна граѓанска класа. Мерките кои ги предлагаме од програмата и се реални и остварливи.

На 27 Април да гласаме за ПРОМЕНИ!

веб порталот Лисица интегрално го објавува текстот од  денешната  прес конференција на Славчо Димов   кандидат  за пратеник од СДСМ

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here