Home Избори 2014 Домазетов: Во Велес можат да се видат повеќе партиски знамиња на ВМРО...

Домазетов: Во Велес можат да се видат повеќе партиски знамиња на ВМРО ДПМНЕ, отколку што се поставуваат државни и општински знамиња за време на било кој државен, или општински празник

29
0
SHARE

Реагираме на поставувањето на партиски знамиња на ВМРО ДПМНЕ на столбовите за јавно осветлување во Велес.

На ова место на кое стоиме, долж оваа улица, камерите можат да го регистрираат тоа.

Согласно Изборниот законик и согласно Распоредот за плакатирање, издаден од Градоначалникот Чадиев, точно се определени местата во градот каде треба да се истакнуваат изборни плакати, а не партиски знамиња. ВМРО ДПМНЕ ништо не почитува!

На општински имот да се поставуваат партиски знамиња? Има ли некој повикан во Општина Велес кој се грижи за ова? Во Велес можат да се видат повеќе партиски знамиња на ВМРО ДПМНЕ, отколку што се поставуваат државни и општински знамиња за време на било кој државен, или општински празник? На што личи ова, освен на партиска држава?

Дали се точни нашите информации, кои говорат дека партиските знамиња на ВМРО ДПМНЕ ги поставувала токму онаа фирма, која го има добиено тендерот од Општина Велес за сервисирање, монтажа и одржување на јавното осветлување во градот?   

Бараме брза реакција од страна на Градоначалникот Чадиев во поглед на заштита на општинскиот имот и отстранување на партиските знамиња.

Бараме уште во текот на денешниот ден, Градоначалникот Чадиев да се погрижи за почитување на Изборниот законик.

 

Веб порталот Лисица интегрално го  објавува   текстот од прес конференцијата на  Александар  Домазетов  ОО  СДСМ  Велес

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here