Home Избори 2014 ДУИ се сигурни дека ќе влезат во новиот владин состав

ДУИ се сигурни дека ќе влезат во новиот владин состав

62
0
SHARE

Портпаролот на Демократската унија за интеграција Бујар Османи истакна дека ДУИ ќе биде дел од идниот владин состав имајќи предвид дека на изборите добиле најголема поддршка од албанскиот блок, а со тоа добиле легитимитет да ја претставуваат албанската политичка волја.

„Легитимни се институциите кои што го црпат легитимитетот од етничките заедници. Етничките заедници си го дадоа легитимитетот на политичките партии на изборите на 27 – ми април. Македонците го дадоа легитимитетот кај ВМРО – ДПМНЕ, а Албанците на ДУИ. Само институциите кои ќе бидат формирани од мнозинството кај етничките заедници се легитимни институции, сите други варијанти се нелегитимни", истакна Османи. 

Тој појасни дека прашањето за тоа дали Груевски ќе ја покани ДУИ во идната владина коалиција или не е надминато прашање уште во 2008 година. 

„Претходно имаше еден експеримент во 2006 година кој не траеше повеќе од 18 месеци затоа што институциите се дестабилизираа. Бадентеровиот механизам има моќ да задуши секаков обид на надгласување на албанскиот народ во Македонија. Тоа е придобивка на 'Рамковниот договор'. По 2001 година институциите во Република Македонија го црпат легитимитетот од двете најголеми етнички заедници, македонската и албанската", нагласи портпаролот на ДУИ.

 Османи потенцираше дека од 2001 година во Македонија има еден нов концепт според кој мора да се земе предвид волјата на останатите етнички заедници.

Copyright 2012 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here