Home Македонија Забранет увоз на живина од Холандија, Германија и Британија

Забранет увоз на живина од Холандија, Германија и Британија

32
0
SHARE

Агенцијата за храна и ветеринарство во понеделникот воведе забрана за увоз на пратки од живина и производи од живинско месо (вклучително и јајца) по потекло од Холандија, Германија и Велика Британија.

Станува збор за времена мерка во насока на преземање на превентивни мерки за заштита од пренесување на болеста Птичји грип во Република Македонија.

Надзорот на појавата и присуството на оваа болест во Република Македонија се врши согласно позитивните законски решенија предвидени со Законот за ветеринарно здравство, Програмата за сузбивање и искоренување на авијарната инфлуенца, се вели во соопштението на АХВ.

Во рамки на надзорот од досега анализираните примероци од угинати или заловени диви птици, живина држена во екстензивни и интензивни услови во изминатите години не е утврдено присуството на болеста во Македонија, а истата не е пријавена ниту во регионот

Copyright 2014 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here