Home Регион Зад решетки е осомничениот за убиството на Илија, Билјана и Снежана

Зад решетки е осомничениот за убиството на Илија, Билјана и Снежана

52
0
SHARE

Осомничениот за трикратното убиство во Кавадарци, Тони С е зад решетки. Во претходна постапка судија од Основниот суд во Велес му одреди мерка притвор во времетраење од 30 дена.

„Одреден  е притвор поради  постоење на основано сомнение дека доколку истиот се брани од слобода ќе се даде во бегство и нема да биде достапен за органите на прогонот и поради постоење на опасност да го стори делото со кое се заканувал“, рече Габриела Гајдова, портпарол на Основен суд Велес.

Детали од настанот во кој со сопствениот живот Илија, Билјана и Снежана ја платиле караницата со поранешниот зет откри и полицијата.

„По кратка расправија со сега починатата Билјана Л. и Снежана Л. со огнено оружје пиштол кој го носел со себе испукал по еден куршум во пределот на градите. Потоа се качил на спратот од куќата каде бил Илија Л. во кој испукал еден куршум во пределот на градите и го напуштил местото“, рече  Анита  Стојковска, портпаролот на СВР Велес.

Починатите Илија, Билјана и Снежана ќе бидат погребани утре на градските гробишта. Општина Кавадарци утрешниот ден го прогласи за ден на жалост.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here