Home Македонија Заев ги предаде потписите

Заев ги предаде потписите

132
0
SHARE

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска на претседателот на Република Македонија, Горѓе Иванив му ги предаде 67те пратенички потписи како услов за формирање на нова Влада. Во изјава за новинарите Заев потенцираше дека овие потписи овозможувале брзо завршување на политичката криза во државава.

„Очекувам господинот Иванов да го врачи мандатот во најбрзо можно време за да може да отпочнеме преговори за создавање и формирање нова влада за граѓаните на Република Македонија“, рече Зоран Заев, претседател на СДСМ.

По неуспешниот обид на Никола Груевски, претседател на ВМРО ДПМНЕ, партија која освои најголем број на пратеници во Собранието на Република Македонија, претседателот Ѓорге Иванов, по консултациите со лидерите на парламентарните партии побара пред да го додели мандатот да добие доказ дека идниот мандатар ќе има поддршка во Собранието од најмалку 61 пратеник.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here