Home Велес Започнува проектот „Реконструкција на улици“ во Чaлошево

Започнува проектот „Реконструкција на улици“ во Чaлошево

624
0
SHARE

Во населеното место Чалошево денеска започнаа подготвителните работи за асфалтирање на улици. Ова е дел од проектот „Реконструкција на улици“ кој ќе се реализира и во населеното место Мамутчево.

„Висината на целокупната инвестиција во ова населено место е некаде околу 100 илјади евра. Тука ќе бидат опфатени 1069 метри од улиците, меѓутоа ќе се јават и некои пропратни елементи кои што сигурно ќе го оптеретат проектот, но ние сме тука да го направиме тоа како што треба да биде, така да очекуваме дефинитивно и во ова населено место согласно потребите и барањата на жителите да се асфалтираат улиците“, рече Славчо Чадиев, градоначалник на општина Велес.

Паралелно со овие градежни работи, Чадиев најавува дека деновиве ќе започне и изградбата на препумпната станица за водовод.

„Имавме сериозен проблем околу донесувањето на планот, односно локацијата што треба да биде, потоа да се направи експропријацијата. Испадна малку поскап тој дел од градбата на цефководот но тоа е грижа на Општина Велес и јас очекувам дека двата проекти ќе бидат завршени истовремено“, рече Чадиев.

Реализацијаат на овие проекти за жителите од населеното место Чалошево ќе значат решавање на двата приоритетни проблеми.

„Асфалтирањето на улиците ќе значи решавање на долгогодишниот проблем, поради тоа што ова населено место се соочуваше со кал, децата не можеа на училиште да одат, сега веќе ќе биде една друга приказна, така да ќе биде добро за целото население“, рече Гоце Зарков претседател на МЗ Чалошево.

Чалошево е населено место кое има 75 домаќинства и околу 300 жители.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here