Home Избори 2014 Иванов: Македонските наставници и професори заслужуваат повеќе доверба и квалитетни услови за...

Иванов: Македонските наставници и професори заслужуваат повеќе доверба и квалитетни услови за работа

41
0
SHARE

Актуелните образовни политики во нашата држава се носеа без јасни стратешки цели. Во секторот се сменија повеќе министри, но ниту еден не доврши некој од големите проекти, ниту еден министер не се грижеше за интеграцијата во образованието, ниту пак го подобри квалитетот во образованието. Образованието денес е целосно партизирано и служи исклучиво за партиски вработувања.

Ефектот од проектите во образованието за кои се трошат огромни финансиски сретства е минимален. Примери за ова се фрлените 68 милиони евра за проектот “компјутер за секое дете”, проектот со нестручни преводи на стручната литература и скапите лаборатории без основни и придружни средства за работа.

Дополнително целосната партизација создаде страв и незадоволство кај мнозинството вработени во образованието. Инспекциите и екстерното тестирање беа инструмент за држење во покорност на наставниците и професорите, а не средство за поквалитетно образование.

Квалитетот на образовниот систем деградира и тоа во сите степени на образование. Политиката на екстензивно образование на сите нивоа не ги даде очекуваните резултати. Дисперзираните студии доживејаа целосен колапс спротивно на вложените средства. Владата влечеше исклучиво политички потези со кои лажно се намалуваше бројот на невработените, а дипломираните невработени масовно емигрираа.

Македонските наставници и професори заслужуваат повеќе доверба и квалитетни услови за работа. Учениците заслужуваат да учат, да се натпреваруваат и да развиваат вредности и знаења соодветни за новото време.

Затоа нашиот пристап кој го нудиме во нашата програма “Промени за нов почеток”ќе подразбира:

–        Целосна реформа на предучилишното и средно стручно образование.

–       Основен критериум при носење на одлуки за реформи во образованието ќе биде подобрување на неговиот квалитет. Тоа подразбира употребливо знаење, добри услови за учење и работа, мотивиран кадар и квалитетни програми.

–        Еднаквоста почнува од најрана возраст. Ќе избереме политики кои создаваат еднакви шанси за сите деца.

–     Образованието го сметаме за најисплатлива капитална инвестиција. Ќе го зголемиме буџетското издвојување за образование и наука.

–          Мотивација, наместо казни за наставниците и професорите.

–          Враќање на изгубената автономија на универзитетот и подобрување на студентскиот стандард.

–          Создавање на услови за доживотно учење и образование за возрасни согласно барањето на пазарот.

 

Во интерес на јавноста на оваа прес конференција ќе наведеме само неколку конкретни мерки кои ќе ги превземе и реализира идната влада на СДСМ:

1.       Повеќе пари за образование и наука.

Ова значи дека во Р.Македонија за образование се издвојуват средства во висина од само 3,5% од БДП. Тоа е недоволно. За нас, инвестициите во образованието се најисплатливи. До крајот на мандатот ќе го зголемиме буџетот наменет за образованиена 4,5- 5% од БДП. Инвестициите во образованието ќе ги зголемуваме и со јвано-приватни партнерства.

2.       Поддршка и мотивација на наставниот кадар.

Ќе го укинеме екстерното тестирање како проект што побуди најголем револт кај наставниците, како и кај децата и нивните родители. Со овој проект се девалвира целиот напор и труд на наставниците.

Ќе воведеме поголема грижа и заштита на наставниците и ќе делуваме на нивната мотивација, наспроти притисокот и инспекциите кои ги трпеа во изминатите неколку години. Ќе ги ослободиме од непотребните административни, формални и др обврски за да можат целосно на децата и нивното воспитание и образование да им се посветат.

3.       Поквалитетни учебници

Во рок од една година државната комисија во министерството за образование и наука ќе ги евалуира сите учебници за основно и средно образование и ќе постави јасни правила кои ќе мора да се почитуваат. Ќе се повлечат од употреба учебниците кои имаат суштински грешки и кои се несоодветни за восраста на децата. Истовремено, ќе спроведеме ослободување на наставните предмети од непотребни и штетни содржини, особено за оние кои поттикнуваат на агресивност, нетолеранција, омраза и дискриминација.

4.       Подобрување на стипендирањето и студентскиот стандард

Новата влада на СДСМ ќе воведе нова политика за стипендирање на студентите преку:(1) државни стипендии и (2) фискални олеснувања за фирмите кои ќе одвојуваат процент од добивката за стипендирање.

Ќе направиме праведна распределба на државните стипендии и за таа намена ќе алоцираме повеќе средства.

Ќе воведеме државна квота за бесплатно студирање на најдобрите студенти.

Секој студент ќе добие електронска картичка за студентски поволности:бесплатен јавен градски превоз и попусти за исхрана, концерти, театар, спортски настани.

 

Ова се само дел од мерките кои ги нуди СДСМ во областа од образованието од новата програма “Промени за нов почеток”. Убедени сме дека овие мерки ќе го подобрат образовниот процес во Р. Македонија.

 

веб порталот Лисица интегрално го објавува текстот од  денешната  прес конференција на Панче Иванова  ОО СДСМ Велес

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here