Home Македонија Иванов не го даде мандатот на Заев.Заев пак со став Иванов ја...

Иванов не го даде мандатот на Заев.Заев пак со став Иванов ја негира мнозинската воља

323
0
SHARE

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов попладнево јавно на нацијата и соопшти дека на лидерот на СДСМ Зоран Заев кој пред два дена му ги предаде потписите за формирање на нова влада нема да му го додели мандатот.

„Ниту Уставот, ниту совеста не ми дозволуваат да го дадам мандатот на некој кој преговара за платформи на туѓи држави и го руши уставниот поредок на Република Македонија“, рече претседателот Иванов.

Преговарањето и прифаќањето туѓа платформа е казниво дело, рече Иванов и додаде дека наместо да излеземе од политичката криза, ное подлабоко навлегуваме во уште поголема.

„Наместо да излеземе заглавуваваме во уште подлабока криза со која се доведуваат во прашање интересите на Македонија. Очекував политичките партии да одбијат да зборуваат за таква постизборна платформа, но некои започна да лицитираат не сфаќајќи дека лицитираат со унитарниот карактер на државата“, рече претседателот Иванов.

Претседателот Иванов рече дека се сретнал со лидерот на СДСМ Зоран Заев и од него побарал да ја отфрли и осуди платформата. Истовремено посочи дека очекува и од меѓународната заедница да ја осуди платформата што претставува редефинирање на Република Македонија.

Од СДСМ реагираат на ваквата одлука на претседателот Иванов. Претседателот Зоран Заев во изјава за медиумите рече дека Иванов ја негира мнозинската воља.

„Иванов со одлуката да не го додели мандатот извршу државен удар.Иванов ја внесува македонија во длабока криза со несогледливи последици.Тој ја негира мнозинската воља на граѓаните и 67-те потписи на пратеници , спречува легален и легитимне трансфер на власта“, рече Зоран Заев претседател на СДСМ.

Попладнево реагираа и дел од парламентарните албански партии. Од ДУИ предупредуваат дек аваквата одлука ќе има длабоки последици а од Движењето Беса побараа меѓународна интервенција.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here