Home Интервјуа Кире Лазаров: Седумката ја носам поради Кукоч

Кире Лазаров: Седумката ја носам поради Кукоч

18
0
SHARE

Капитенот на македонската репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, во мини интервју за порталот handball-profile.com, открива некои интересни моменти од почетоците на неговата кариера, на кои спортисти им се восхитува и зошто го носи бројот седум.

Дали се сеќавате на моментот кога одлучивте да започнете да тренирате ракомет?

Прв спорт ми беше кошарката. Кога бев во петто одделение, во мојот град популарен беше ракометот, играч и тренер на екипата беше мојот татко. Тогаш решив да се обидам. Отидов на трениг и се вљубив на прв поглед во оваа игра. Во ракометот сум од мојата 10-та година.

Кој е вашиот прв клуб и кога дебитиравте?

Мојот прв клуб е Овче Поле од Свети Николе. Првиот меч го одиграв кога бев во седмо одделение, а противник беше Вардар од Скопје. Се сеќавам дека одиграв одлично, противниците не ме сфатија сериозно и ми оставија многу простор, тоа го искористив.

Секогаш ли игравте на позицијата на која играте и денес?

Започнав да играм како десно крило, тогаш бев млад немав ниту висина ниту тежина да играм десен бек. Како растев тренерите ме поместуваа на позицијата десен бек.

Натпревар кој нема да го заборавиш?

За жал во овој момент не можам да одберам. Одиграв многу натпревари во различни периоди. Веројатно ќе бидам во подобра положба да одговорам на ова прашање по завршувањето на кариерата.

Играч кој ве инспирираше?

Од почетокот тоа беше Тони Кукоч. Поради него ја носам седумката.

Ги следите ли другите спортови, дали сте фан на некој клуб или спортист?

Јас сум фан на Барселона и Милан. Од современите спортисти им се восхитувам на Лео Меси и Новак Ѓоковиќ

Сирење или чоколадо?

Секогаш водам грижа за моето здравје и за начинот на исхрана. Тоа е тешко прашање… Чоколадо :). 

 

Copyright 2014 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here