Home Избори 2014 Коџабашиев: Во новата програма на ВМРО-ДПМНЕ посебно место имаат проектите за младите,...

Коџабашиев: Во новата програма на ВМРО-ДПМНЕ посебно место имаат проектите за младите, развојот на спортската инфраструктура и спортот

15
0
SHARE

Создавањето услови за спортување на сите генерации и за правилен фи­зички развој на младите луѓе се трајна определба на ВМРО-ДПМНЕ во сферата на спортот.

ВМРО- ДПМНЕ изминатиов период во Велес вложи значителни ресурси и посветено работеше на нови проекти за создавање на подобри услови за сите млади заљубеници во спортот.

· Во завршна фаза се активностите зареконструкција на градскиот стадион. Велес ќе добие модерен исовремен фудбалски терен опременсо вештачка трева по стандарди на ФИФА и УЕФА. Вкупната инвестиција е од околу 300.000 евра.

·  Во градскиот парк беше изграденопомошното фудбалско игралиште. Во рамките на ова игралиште изградени се трибини и соблекувални, а истото е целосно осветлено и оградено.

·    Во с. Иванковци во тек е изградбата на ново повеќенаменско спортско игралиштеза потребите на младите луѓе од ова населено места.Ново фудбалско игралиште се гради и во с. Караслари.

·   Во рамките на локалната самоуправа се изградија неколку спортски игралишта на повеќе локации во градот, а беа реконструирани речиси сите спортски училишни сали.

·  Градскиот ракометен клуб „Борец” неполна година функционира под покровителство на локалната самоуправа и постигнува значителни успеси, продолжувајќи ја ракометната традиција која ја има нашиот град.

·    Во спортската сала „Гемиџии” започнаа да функционираат две сали за пинг-понг и нова современа фитнес сала која се користи за различни спортски и рекреативни актвиности.

Почитувани

Во новата програма на ВМРО-ДПМНЕ посебно место имаат проектите за младите, развојот на спортската инфраструктура и спортот. Со реализација овие меркиод областа на спортот и спортската инфраструктура, ќе придонесеме за подобрување на условите за спортување, натпреварување и рекреирање на сите граѓани.

·        За Велес е од особено значење проектот кој предвидува реконструкција на спортската сала „Гемиџии”. (рок 2017 година). На овој начин сметаме дека ќе се овозможи дополнителен развој на спортската култураво градот, ќе се подигне спортскиот стандард на сите оние кои што се занимаваат со спорт и спортски активности за тренажен процес и натпревари од различна категоризација во текот на целата година.

·        Во градскиот парк ќе бидат довршени двете тениски игралишта, а ќе се изградат и уште две дополнителни повеќенаменски спортски игралишта во населените места на Општина Велес.

·        Од септември во Гимназијата Кочо Рацин ќе започне да функционира дисперзираната паралелка на Спортската академија за фудбал и ракомет. Целта на овој проект е учениците во средното образование, преку посебно обликуван образовен процес во кој посебен акцент и поголема застапеност има на практичниот дел (тренинг) да се оспособат да постигнуваат врвни спортски резултати и да се подготвуваат од рана возраст да бидат членови на националните спортски селекции за фудбал, ракомет, кошарка и тенис.

·        Во тој правец значајно е да се напомене и дека во наредниот период ќе биде воведена законска обврска за сите училишта, односно училишните спортски клубови, коиќе имаат обврска да регистрираат екипи во 10 спортови, од кои најмалку 5 екипи да бидат активни и да бидат вклучени во системот на натпревари во рамките на училишниот спорт. Во овие активности ќе може да се ангажираат родители и други лица со познавање, или искуство во тренинг како волонтери-тренери на овие екипи.

·        Заради ефикасност во работата, за наставниците по физичко воспиртување ќе се овозоможи континуираното стручно усовршување и континуирана едукација за самостојно планирање и програмирање на воспитно-образовната и стручната работа, стекнување нови знаења и нивно имплементирање во постојниот систем.

·        За развој и унапредување на младите спортисти во идниот период ќе ги реализираме и следните проекти:

-Национално спортско признание – спортски пензии;

-Летен училишен камп со познати спортисти и спортски тренери;

-Училишни првенства во голем фудбал;

-Стручна специјализација на македонски тренери во реномирани светски спортски центри;

-Борба против допингот во спортот – чист спорт;

-Информатички спортски систем и уште многу други проекти.

Почитувани,

Ова е само мал дел од она што е содржано во нашата програма.Ние продолжуваме со несмалено темпо да работиме во интерес на граѓаните и тоа со особен фокус на спортот и младите. Грижата за оваа категорија на граѓание еден од нашите приоритети во работењето. Ние ќе реализираме конкретни проекти и со конкретни рокови. И затоа убеденисмедека на 27 април разликата ќе биде препознаена и во следните 4 години заедно ќе продолжиме на вистинскиот пат кон градењето на Република Македонија како земја на здрава нација!

веб порталот Лисица интегрално го објавува текстот од  денешната  прес конференција на Ѓорги Коџабашиев  кандидат  за пратеник ВМРО ДПМНЕ ОК Велес

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here