Home Регион Легализацијата на планинарскиот дом Чеплес , причина за кривична пријава на Пановски

Легализацијата на планинарскиот дом Чеплес , причина за кривична пријава на Пановски

24
0
SHARE

СВР Велес му поднесе кривична пријава за злоупотреба на службената положба на градоначалникот на општина Чашка. Тој се терети дека бесправно го запишал планинарскиот дом Чеплес како имот на Општината.

„Во својство на градоначалник и овластено лице на општина Чашка самиот си поднел барање за легализација на диво изграден објект – планинарски дом Чеплес, иако знаел дека согласно „Закон за постапување со бесправно изградени објекти“ , барање за утврдување правен статус на бесправно изграден објект поднесува само имателот“, рече Анита Стојовска.

Целата постапка за легализирање на диво изградените објекти е водена според законските прописи. Во законски определениот рок, никој не поднесе барање за легализација на објектот и по препорака на ресорното министерство тоа го сторивме ние, вели Пановски.

 „Сметам дека планинарскиот дом Чеплес е легализиран согласно законот за легализација и поставувам едно прашање доколу тој требало да биде на планинарскиот сојуз зошто тој не поднел барање за легализација“, рече Горанчо Пановски, гардоначалник на општина Чашка.

По стекнување на сопственост врз планинарскиот дом Чеплес, Општина Чашка со одлука на Советот во 2012 година по цена од околу 65 илјади евра го продава домот, или онолку за колку полицијата во кривичната пријава напишала дека е оштетено планинарското друштво Солунска глава.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here