Home Регион Милион евра за реализација на проекти во Лозово. Изградба на комунална инфраструктура,...

Милион евра за реализација на проекти во Лозово. Изградба на комунална инфраструктура, водоводи и канализациони мрежи, инвестиции во образованието

126
0
SHARE

Ова се дел од проектите кои годинава ќе ги реализира општина Лозово. Планира да инвестира над 1 милион евра или шест годишни буџети на општината. Градоначалникот Орце Цветковски вели дека најголем дел од парите се обезбедени преку странски донации, владата и фондовите на Европската унија.

Како најзначаен проект кој ќе се реализира годинава е решавање на проблемот со водоснабдување. Општина Лозово ќе се поврзе со хидросистемот Злетовица.

„Прво треба да се изгради пречистителна станица која чини околу 400 000 евра. Овие пари се обезбедени од Гранд на Р. Словенија и дел од Европската Унија. Потоа ќе следува изградба на цевквод за кој се потребни уште 230 000 евра“ рече Орце Цветковски, Градоначалник на општина Лозово.

Општина Лозово годинава предвидува реализација на уште неколку значајни проекти. Така Милино ќе добие канализационен систем, а ќе се реконструира и дел од патот кој води до селото. За ова општината ќе инвестира околу 350 илајди евра. Годинава ќе почне изградбата и на спортска сала за училиштето во Лозово.
Локалните власти ветуваат дека многу брзо, жителите на општината повеќе нема да мора да патуваат до соседните општини за добивање лични документи.

Министерството за внатрешни работи ќе отвори канцеларија во Лозово. Од локалната самоуправа на Лозово велат дека во тек е постапка и за издавање под концесија на земјоделско земјиште од агрокомбинатот Џумајлија.
Општинските власти информираат дека ќе продолжи и финансиската поддрша за секое новороденче. Во следниот период ќе се работи и на проширување на уличната мрежа за осветлување и поставување штедливи светилки.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here