Home Велес Мирен протест на „За заедничка Македонија“ во Велес

Мирен протест на „За заедничка Македонија“ во Велес

1163
0
SHARE

„Ова не е време кога треба да се објаснуваме , ова е време кога јасно и недвосмислено треба да се изјасни секој човек кој вистински ја сака сопствената држава“, ова е само една од пораките кои вечерва велешани ги испратија од мирниот протестен марш организиран од граѓанската иницијатива „ За заедничка Македонија“.
Протестот започна од пред споменикот на Панко Брашнаров, борец за самостојна независна Македонија.Потоа по главната улица присутните маршираа до центарот на градот. Од пред споменикот на Коста Солев Рацин , испратен е апел до политичарите за да ги тргнат рацете од националните и државните интереси кој го уриваат и подриваат уставниот поредок.
„Тука сме во толкав број оти се работи за нашата Македонија, за нашите национални интереси. Не сме овде собрани за да ги навредуваме Албанците кои живеат во Република Македонија. Тука сме да кажеме не на политичките партии кои сакат да ја разрушат Република Македонија, кои сакаат да потпишат погубен договор и погубна платформа“, рече Зоран Љутков, актер
„Овде сме за заедничка Македонија, не моја не твоја, туку заедничка на сите народи “, рече Васил Зафирчев, режисер и актер.
Организаторите и за утре ги повикаа велешани да бидат дел од мирниот протесен марш кој е закажан за во 17 часот од пред споменикот на Панко Брашнаров.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here