Home Спорт Може ли Реал да слави над Атлетико?

Може ли Реал да слави над Атлетико?

41
0
SHARE

Во вторник започнува четвртфиналната фаза во фудбалската Лига на шампиони. Дербито на оваа фаза е градската пресметка помеѓу Атлетико и Реал, што е воедно и реприза од последното финале во шампионската лига.

Пред нешто помалку од една година Реал успеа по продолжението да слави над Атлетико и да ја освои јубилејната десетта титула. По тоа финале во Лисабон Атлетико и Реал одигра шест средби и ‘карлскиот клуб’ не успеа ниту еднаш да слави над градскиот ривал.

„Не сакам да се навраќам на претходните натпревари. Пред нас е нов двобој, нов предизвик, клучен меч и за нас и за противникот“, изјавил на прес конференцијата пред мечот тренерот на Атлетико Диего Симеоне.

„Реал има врвни играчи, тоа се исклучителни професионалци кои ние ги почитуваме. Тие се во добра форма, а на сите им е познато дека ги сакаат титулите во домашното првенство и во ЛШ. Имаат добра одбрана, играчи какви се Рамос, Хамес и Модриќ, кој им дава дополнителна агресивност на средината од теренот“, дополнил Симеоне, кој во стартниот состав го најави Манџукиќ, играч кој поради повреда не играше на последните две лигашки средби.

„Атлетико е борбена екипа, многу опасен противник кој ние максимално го почитуваме. Сепак не би рекол дека ние сме опседнати со Атлетико. Ние не сакаме само да го победиме Атлетико, ние сакаме да ја одбраниме титулата“, рекол тренерот на Реал, Карло Анчелоти.

Во тимот на Реал за мечот со Атлетико ќе бидат Бејл, Крос и Родригез, Велшанецот не играше против Еибар поради повреда на зглобот, додека Германецот и Колумбиецот беа суспендирани. 

Copyright 2015 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here