Home Велес На Мегдан на бел грав

На Мегдан на бел грав

337
0
SHARE

Домаќинот Живко Христов родум токму од ова маало кој 25 години живее во странство вели дека само за овој ден се вратил во родниот Велес да го помине со блиските пријатели и соседи.Се сеќава дека вкусот и мирисот на белото гравче е исто како оној што го јадела како дете
Мегданчани ја продолжија традицијата. И годинава се собраа на Чист Понеделник во своето маало. Соседите, пријателите, сограѓаните одново се дружеа. Велат дека тоа е најважно. Оваа традиција на Мегдан се негува со децении. Затоа овдешните жители се многу горди.
Годинава кум е Живко Христов. Тој е родум од ова маало кој 25 години живее во странство. Вели, само за овој ден се вратил во родниот Велес за да го помине со блиските пријатели и соседи.

„Иако сме во странство си знаеме кај ни е родниот корен. Дојдовме со вникот за да ја искажеме нашата љубов кој традицијата,ова е настан кој не се заборава“, рече Живко Христов.
„Возбудливои е. После седум години сум тука и сме домакини. Убаво е, традицијата продолжува“, рече Влатко Ивчев.

Од денеска започнуваат велигденски пости. Затоа и посното гравче е најзначајниот дел од традицијата. Без него, велат медганчани,не може да се одржи чист понеделник. Десетина килограми бел грав без запршка,со додавање на суви црвени лути пиперки, кромид,лук,магдонос, бибер. Тоа накратко е рецептот за подготовка на ручекот. На посната трпеза седна и првиот човек на општината.

„Ова е традиција која опстојува со децении.Ние како локална самоуправа ја поддржуваме. Ова е манифестација која низ годините ги обединуваше велешани, така ќе биде и во иднина“, рече Славчо Чадиев, градоначалник на општина Велес.

Благослов и желба за опстпојување на вековната традиција мегданчани денеска добија и од Повардарската епархија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here