Home Македонија Обиди за деблокада на железничкиот сообраќај. Обезбедени пари за исплата на половина...

Обиди за деблокада на железничкиот сообраќај. Обезбедени пари за исплата на половина јануарска плата

344
0
SHARE

Пари за исплата на половина од јануарската плата и здравствено осигурување за вработените во Македонски железници Транспорт биле обезбедени. Ова денеска на вработените им го соопштилл в.д. директор на МЖ Транспорт, Игор Коруновски. Тој побарал од вработените да се вратат на работа за да може да се префрлат средствата. Поголем дел од вработените го прифатиле решението, додека помал дел останале на првичното барање за исплата на целата плата за месец јануари.

„До овој момент успеавме да обезбедиме половина од платата и тоа го понудивме на дел од вработените. Најголем дел од нив го прифатија тоа решение. Една помала група, според моја лична проценка, не се согласи со ова понудено решение и се уште немаме решение на проблемот и имаме тотална блокада на железничкиот сообраќај во државава, што е сосема спротивно на сите закони, особено на Законот за железнички систем“,рече Коруновски.

Тој очекува дека овој предлог утре ќе биде прифатлив за сите вработени во МЖ Транспорт ,и нивно враќање на работните места.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here