Home Велес Образовно рандеву „МАССУМ“ во Велес. Средните стручни училишта се претставуваат пред граѓаните....

Образовно рандеву „МАССУМ“ во Велес. Средните стручни училишта се претставуваат пред граѓаните. Учениците на натпревари ги покажуваат своите вештини

91
0
SHARE

Образовно рандеву на средните стручни училишта. Денеска и утре во Велес се одржува „МАССУМ“. Во младинскиот парк поставени се 27 штандови на учесниците. Тие ги презентираат нивните образовни профили пред заинтересираните. Од градов на „МАССУМ“ присутните се трите средни стручни училишта.

„Нашето училиште секоја година учествува на оваа манифестација со свои натпреварувачи, но сега за прв пат имаме и свој штанд каде делиме реквизити со кои ги информираме осмооделенците за нашите образовни профили“ рече Марија Камчева ученик во СОУ „Јовче Тесличков“.

„Штандот ни е поделен на неколку сегменти. Дел за мадицина, дел за хемиската насока, дел за козметика и секако за исхрана“ рече Никола Гочевски ученик во ССОУ „Димитрија Чуповски“.

„Сите што ќе дојдат можат да видат предмети кои ги има во нашето училиште изработени од учениците од машинската, електонската и сообраќајната насока“ рече Тамара Адамчевска ССОУ „Коле Неделковски“.
На образовното рандеву годинава учествуват 40-тина средни училишта и 800 ученици. Освен штандови тие поединечно или тимски ќе се натпреваруваат во јавно говорење, развивање маркетиншки план, дизајн на интернет страница, продукција на училишна видео снимка, вештини при интервју за работа, неколку спортски дисциплини. Домаќин и организатор на манифестацијата е хемиското училиште.

„Ви посакувам во сите сегменти на образовното рандеву секој од вас да се покаже во најдобро издание, да ги покажете вашите способности и вештини бидејки сум уверен дека ги поседувате“ рече Горан Јанков директор на ССОУ „Димитрија Чуповски“.

Искуствата и знаења кои учениците ги добиваат на ваквите настани се од големо значаење, затоа што ќе бидат поподготвени за да излезат на пазарот на трудот.

„Една од целите на образовното рандеву е учениците да го продадат своето знаење на пазарот на трудот. Тука ќе можат да ги покажат своите вештини пред претставните на високообразвоните институции како и пред идните работодавачи“ рече Абдулаким Адеми Министер за образование.

„Тенденција на општина Велес е да го подобри животот на младите, да ги подготви за нивните идни професии, за идни лидери и во континуитет да допринесува за нивниот личен напредок“ рече Славчо Чадиев градоначалник на општина Велес.

Младинската асоцијација на средни училишта е формирана пред 10 годни како дел од проектот на USAID.
„Активности во средното образование“ со цел развивање на лидерски вештини на учениците и зајакнување на врските помеѓу училиштата и бизнис секторот. „Учениците кои што ги посетуваат стручните насоки што ги отсликуваат материјалните и технолошките потреби на 21-ви век ќе станат работна сила што на Македонија и треба за да го исполни својот економски потенцијал“ рече Џејмс Стајн Директор на мисијата на USAID во Македонија.

Наградите на најдобрите во сите натпреварувања ќе бидат доделени утре.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here