Home Спорт Обрван го објави списокот за двомечот со Франција

Обрван го објави списокот за двомечот со Франција

42
0
SHARE

Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Ивица Обрван, го објави поширокиот список на играчи на кои ќе смета за престојниот квалификациски двомеч со селекцијата на Франција.

Обрван со проверени имиња ќе му се спротивстави на светскиот првак, единствен дебитант меѓу повиканите ракометари е Никола Костески.

Франција во Скопје ќе гостува на 29.април, а ќе и биде домаќин на Македонија во Тулуз на 3.мај. Во квалификациската Група 6 за пласман на Европското првенство по две кола води Франција со четири бода, еден повеќе од Македонија, трета е Чешка со еден бод, а без бодови е последнопласирната репрезенатција на Швајцарија.

Списокот на Обрван за мечевите со Франција:

Борко Ристовски, Петар Ангелов, Никола Митревски, Стефан Кимевски, Дејан Манасков, Гоце Ојлески, Владо Недановски, Гоце Георгиевски, Никола Костески, Златко Мојсовски, Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Игор Павловски, Никола Маркоски, Филип Лазаров, Филип Талески, Марко Нелоски, Велко Маркоски, Ацо Јоноски, Наумче Мојсовски, Филип Миркуловски, Немања Прибак, Никола Стојчевски, Горан Кузманоски, Кире Лазаров, Ренато Вугринец, Влатко Митков, Лазе Мајнов.
Copyright 2015 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here