Home Колумни Ова погубно сценарио не е ново

Ова погубно сценарио не е ново

122
0
SHARE

И која полза ќе ја имаат граѓаните од ова што актуелно ни се случува денес? Дали поради ова ќе имаат поголеми плати? Дали поради ова ќе имаат повеќе земјоделски субвенции? Дали поради ова ќе имаат поголеми пензии? Дали поради овој напад ќе има повеќе вработувања? Дали ќе има подобар здравствен систем? Дали социјално загрозените семејства ќе имаат подобра поддршка од државата? Дали ќе се градат повеќе патишта? Дали ќе се отвораат повеќе фабрики? Дали ќе има повеќе пари за образованието и науката? Дали ќе се градат повеќе водоводи и патишта?

Само на момент размислете дали инспираторите, креаторите и реализаторите на ова лошо сценарио за дестабилизација на институциите во Македонија макар на еден момент размислиле на погоре поставените прашања. Размислете дали воопшто им е значајно било што од погоре споменатото. Или, пак, размислете дали потрошиле еден момент да размислат кој е интересот на граѓаните и што тие посакуваат од својата држава. Дали воопшто им значат граѓаните или, пак, целта е сосема поинаква?

Намерата се гледа од целта, а не од срочените зборчиња на партиското водство и нивните соработници низ скапо платените невладини организации и медиуми. А целта е јасна. Целта е дестабилизација на институциите, ослабување на државата, посакувано преземање на власта без поддршка од граѓаните и целосно рушење на меѓународниот углед на земјата. Последиците од ова сценарио можеме да ги знаеме или да ги претпоставуваме, но ќе бидат поразителни и погубни за државата, освен за мала клика на опседнати со желба за власт луѓе во врвот на опозицијата и нивните сателити низ медиумите и невладините организации.

Ова сценарио не е ново. Никој не изненаден од бескомпромисната и несмирлива желба за власт на опозицијата. Никој не е изненаден од нивната агресивност и низок речник. Никој не е изненаден од нивните манипулации. Тоа с` е веќе видено. Тоа го гледавме и на претходните избори и на изборите во 2011 година и на настаните поврзани до 24 декември. С` е исто, само сега некој од страна, со своја цел и намера, им помага во остварување на нивната цел.

Сметката за помош на оние од страна ќе дојде скоро ако ние дозволиме ова сценарио да се реализира. И таа сметка навистина нема да значи повеќе работни места, нема да значи ни повеќе шанси за младите луѓе, нема да значи забрзан економски развој. Таа сметка ќе биде сосема различна и ќе не боли сите, само нема оние кои за власт се спремни се да направат.

Дали сте слушнале последниве неколку месеци некој медиум сериозно да се занимава со економски теми? Дали сте слушнале да се зборува за вработувања, за пораст на извозот, за пораст на домашниот бруто-производ? Дали сте слушнале да се зборува за новите инвестиции и новите фабрики? Дали сте слушнале да се зборува за било што поврзано со реалните и вистински потреби и барања на граѓаните. Нема такво нешто. Нема таква дебата. Сите сме опседнати со празната и манипулативна политика наметната од опозицијата. Дури и во деновите кога требаше да покажеме висока одговорност и заедништво како држава и како општество за да помогнеме на оштетените од големите поплави низ Македонија имаше такви кои воопшто не ги интересираше тоа, туку си ја тераа својата песна и својата желба за власт. Дури и во тие моменти поважно беше омразата од заедништвото, дури и во тие моменти поважно беше немилосрдноста од солидарноста. Е со тоа си имаме работа, за жал.

Македонија поминувала низ многу премрежија. Има луѓе што не ~ посакуваат добро, има такви и внатре и надвор. И тоа не е ништо ново. Така било секогаш, а за жал и сега. Не сакам да негирам дека има луѓе, нормални луѓе, во оваа држава кои не се согласуваат со политиките на оваа власт или кои замеруваат и критикуваат за одредени грешки и пропусти или луѓе што можеби мислат дека може и повеќе и подобро да се постигне и поради тоа се против и гласале и би гласале против оваа власт. Но нема да се правам наудрен и да не забележам дека има и луѓе, оние погоре во хиерархијата, кои свесно креираат и режираат вакво погубно сценарио за целата држава. Без разлика на емоциите и без разлика на страната, тоа се гледа и с` повеќе ќе се гледа. А тогаш битката нема да биде помеѓу двете партии, помеѓу двајцата соседи што имаат различна симпатија, ниту помеѓу двајца пријатели кои се членови во двете партии, туку ќе биде во совеста и во умот на сите оние кои си дозволиле да се поведат по оваа удолница.

Никој нема да добие од оваа битка, но Македонија ќе загуби. Ќе загуби во себе и ќе загуби надвор, пред светот. Еден ден на сите ќе ни биде јасно што ни се случило, но тогаш многу ќе се оправдуваат дека не знаеле, а денес може да знаат.

 

Автор: Илија Димовски за Дневник

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here