Home Велес Одложено рочиштето за случајот платено убиство на Лазо Милошевски

Одложено рочиштето за случајот платено убиство на Лазо Милошевски

241
0
SHARE

Сведокот Златко Арсовски се појави во судот во Велес, но отсуството на второ обвинетиот Ѓоре Петревски е причина рочиштето за случајот платено убиство во село Ореше да се одложи.Следното е закажано за 16ти март.

Една деценија, толку е стар овој предмет. Носени се неколку пресуди. И казна затвор но и ослободителна, но секогаш скопска апелација го враќаше предметот назад. Последниот пат Апелација во напатствието побара Судот одново да го анализира сведочењето на Златко Арсковски. Со ова барање се согласуваат и одбраната и обвинителството. Арсовски треба одново да биде сослушан и да каже кога ја говорел вистината, кога бил заштитниот сведок Бреза или кога му е симнато својството на заштитен сведок.

Прво обвиниети во овој случај се браќата Ордан и Љупчо Ѓеоргиевски. Тие се осомничени дека во декември 2005 година го извршиле убиството.
Браќата Ѓеоргиевски пред судот се изјаснуваат како невини, а по последното рочиште Ордан на новинарите им најави дека на рочиштето кое денеска требаше да се одржи ќе каже кој и зошто го убил 72 годишниот Лазо Милошевски.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here