Home Велес Општина Велес ќе понуди нови локации за изградба

Општина Велес ќе понуди нови локации за изградба

835
0
SHARE

Генералниот урбанистички план на Општина Велес ќе претрпи поромени. Во моментов интензивно се работи на нови урбанистички планови во кои всушност се вцртуваат и парцели кои ќе бидат понудени за изградба на станбени објекти.

„Тоа значи на нашите сограѓани ќе им понудиме нови населби за живеење, изработени направени по сите европски стандарди. Тоа значи улици по стандард, секоја улица во новите населби ќе има тротоари, ќе има ставена водоводна инфраструктура, канализациона инфраструктура, видливи хидранти“, рече Славчо Чадиев, градоначалник на општина Велес.

Паралелно со ова Чадиев вели дека привршуваа и изработкатана деталниот урбанистички план за населбата Трпезица . Тука заинтересираните ќе можат до свој дом да дојдат преку проект Купи куќа за млади.

„Очекуваме дека на следната или после неа таа седница да биде готов официјално деталниот урбанистички план за Трпезица. Ќе имаме нови 43 хектари површини кадешто таа населба ќе биде најгусто населена со најголем број куќи, се работи за некаде околу 420 станбени единици“, потенцираше Чадиев.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here