Home Велес Општински долг, СДСМ, Општина Велес

Општински долг, СДСМ, Општина Велес

349
0
SHARE

2016 година Општина Велес ја завршува со долг, обвинуваат денеска од СДСМ. Портпаролот Весна Стојанова Богоевска на прес конференција рече дека Општината има долг од 76 милиони денари. Во споредба со претходната година Стојановска Богоева вели дека долгот се зголемува.

„2015 година заврши со над 55 милиони денари долг од доспеани и неподмирени побарувања. Овој долг од ден на ден постојано растеше за да на крајот на 2016 година да финишира со над 1,2 милиони евра долг, доспеани и неподмирени побарувања“, рече Весна Стојанова Богоевска, портпарол на ОО СДСМ Велес.

На прес конференцијата на СДСМ реагираше Општина Велес. Во писмената реакција стои, на СДСМ очигледно им смета фактот што во изминавиот период Велес е претворен во вистинско градилиште и градежната офанзива на локалната самоуправа вроди со плод, кој е пресликан во задоволство кај граѓаните. Градоначалникот Чадиев реализираше над 400 проекти. Само во делот на инфраструктурата реализирани се 120 проекти. Извршено е асфалтирање на 5 регионални и магистрални делници, 13 улици, бетонирани се 44 и поплочени 15 улици или делови од нив. Изградени се два нови кружни текови, еден пешачки мост, целосно е реконструиран мостот „Гемиџии“, стои во писмената реакција на Општина Велес.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here