Home Македонија Охрид, протести, СЈО, аналитичари

Охрид, протести, СЈО, аналитичари

211
0
SHARE

„Ова нема никаква смисла, СЈО ги малтретира граѓаните, ги малтретира членовите на ВМРО-ДПМНЕ, да бидам повикана како член на ВМРО-ДПМНЕ, да сведочам за донација која сум ја дала во партијата. Јас секогаш сум донирала за партијата, секогаш ќе донирам за партијата“,ова денеска им го изјави на новинарите охриѓанката Каролина Буџаковска. Таа беше дел од многуте охриѓани кои денеска пред СВР Охрид се собраа на протест откако СЈО повикала околу 200 охриѓани на информативен разговор. Како што велат анкетираните охриѓани нивниот единственн грев е што донирале пари во касата на ВМРО ДПМНЕ.

И додека СЈО преку соопштение реагираа дека нарушена е тајноста на истражниот процес, експертите велат дека со самиот чин на повикување на 200 лица на разговор или сослушување СЈО има за цел да предизвика медиумски спектакл.

Ова е почеток на крајот на Катица Јанева рече аналитичарот Сотир Костов гостувајки на ТВ Нова.Тој додава дека денеска Јанева дигнала рака на народот. Костов размислува да формира Граѓански суд и ако тоа се случи прв обвинет ќе била токму Јанева која наместо да брка криминалци таа им се нафрлила на обичните граѓани.

Аналитичарот, Александар Даштевски на својот фб профил напиша.. СЈО ја почнува кампањата на СДСМ за локални избори.
„Она што денес се прави од страна на СЈО е јасен почеток на кампањата за локалните избори. СЈО намерно, свесно и таргетирано согласно потребите на СДСМ одбира места и општини, каде изложува луѓе од партиското јадро на ВМРО-ДПМНЕ, со цел јавно и јасно да ги прикаже како престапници на законот. Тие во суштина се луѓе домаќини, кои се свесно вплеткани во политичката хајка на СЈО. Со ваквите постапки се прави и нанесува очигледна неправда, но и дискриминација на луѓето. Целта е да се нанесе политичка штета на ВМРО, а политичка корист за СДСМ. Ова што се случува нема никаква допирна точка со правото!“, напиша Даштевски на својот фб профил.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here