Home Регион Повредените во сообраќајката кај Катланово пуштени на домашно лекување

Повредените во сообраќајката кај Катланово пуштени на домашно лекување

32
0
SHARE

Четворица штипјани се повредени утринава кога нивниот автомобил Aуди 80 движејќи се по автопатот Велес – Катланово излетал од патот. Несреќата се случила околу 10 часот на еден километар пред Kатлановскиот тунел.

Од засега неутврдени причини, возилото првин удрило во заштитната ограда а потоа неколку пати се превртело. Од силината на ударот, беше откорната 20-тина метри од оградата.
На овој дел од патот не се изведуваат градежни работи. Овде максималната брзина на движење изнесува 100 километри на час.


Веднаш по несреќата, четворицата патници на возраст од 20 до 40 години се пренесени во скопската болница Свети Наум Охридски. Кај нив лекарите утврдиле набиеници по телото и по укажаната помош се упатени на домашно лекување. На местото на несреќата направен е увид кој треба да ги открие причините за илетувањето на возилото.


Инаку на автопатот Велес-Катланово порада густата магла е намалена видливоста на околу 30 метри. Утринава дополнителен проблем за возачите бил и влажниот коловоз.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here