Home Регион Пожар избувнал во фабрика во неготинско Криволак

Пожар избувнал во фабрика во неготинско Криволак

24
0
SHARE

Пожар во фабриката „Копер” во неготинското село Криволак, избувнал вчера вечерта околу 21 часот. Пожарот е локализиран од страна на територијалната противпожарна еиница од Неготино и вработени од фабриката во 22:30 часот. 

„Пожарот е настанат во магацинскиот простор за готов производ при што изгорени се поголем број дрвени палети и кровната конструкција од халата, како и разни предмети внатре во халата“,рече   Анита Стојковска. портпаролот на СВР Велес
Материјалната штета дополнително ќе се утврдува. Во текот на денешниот ден ќе се превземат мерки за утврдување на причините и целосно расветлување на настанот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here