Home Велес Привршува реконструкцијата на болницата во Велес.Следна фаза е набавка на медицинска апаратура...

Привршува реконструкцијата на болницата во Велес.Следна фаза е набавка на медицинска апаратура во вредност од 800 илјади евра

1512
0
SHARE

Општата болница во Велес добива нов лик.Привршуваат градежните работи на поставувањето на енергетски ефикасна фасада.Паралелно со овие активности се работи и на очното и ушното одделение, како и на гинекологија и интерно.

„Ова се надополнува и со изградбата на интернистичка интензивна нега којашто за прв пат ќе се направи во оваа болница, градежните работи веќе се при крај, ќе се започне сега со набавка на опрема. Предвидена е набавка на опрема за оваа интернистичка интензивна нега по што и таа ќе биде ставена во функција на пациентите на на Велес и на околината имајќи предвид дека тоа е повеќе од потребно за општата болница во Велес. Ние планираме уште една реконструкција тука, а тоа е на инфективното одделение. Тоа е следна работа на којашто сме фокусирани и имаме веќе изготвен идеен проект. Сега се доработува основниот проект по што ќе се започне со комплетно реновирање и на инфективното одделение “, рече Никола Тодоров, министер за здравство.

Тодоров напоменува дека паралелно со подобрување на условите за работа во велешката болница се работи и на усовршување на лекарите кои се задолжени за грижа за здравјето на пациентите од повардарието. Во наредниот период министерот Тодоров вели дека ке биде обновена и медицинската апаратура која е составен дел од секојдневната работа на медицинскиот персонал. Оваа инвесдтиција би била во висина од 800 илјади евра.

Со реконструкцијата и набавката на нови апарати се подобруваат условите за пациентите како и за персоналот.

„ Набавката на нова апаратура многу ќе ги подобри условите за престој на пациентите во нашата болница а и тоа е наша цел да добиеме задоволен пациент. Во една преубава болница изградена со со најсовремена апаратура со доктори коишто се дојдени од едукација од Скопје или од странство ќе имаме квалитетни задравствени услуги“, рече др. Атанас Василев, директор на Општа болница Велес.

Министерот Тодоров истакна дека во споредба со минатото, сега најмногу се инвестира во здравството во земјава а тоа продолжува и во иднина.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here