Home Македонија Протестен марш во Скопје

Протестен марш во Скопје

102
0
SHARE

Граѓанската иницијатива за Заедничка Македонија попладнево го организираше првиот протестен марш. Збирно место беше пред Владата. Од таму насобраниот народ се движеше кон Канцеларијата на претседателот Иванов, за маршот да заврши пред Собранието.

„Народот е најдобриот чувар на Дражавата“, ова беше само една од пораките испратена од присутните, кои за цело време извикуваа Македонија, Македонија а се пееја и патриотски песни.

„Со еден симболиочен гест сакаме да им покажеме како се сака Македонија. Тие сакаат да ги раздвојат црвената и жолтата од македонското знаме. Ние не сакаме и нема да го дозволиме тоа. Тие сакаат разнебитување, ние сакаме заедничка Македониај, затоа нашиот симбол ќе биде спојување на црвеното и жолтото, црвено-жолтата линија која нема да ја поминат“, рече Богдан Илиевски од граѓанската иницијатива за Заедничка Македонија.

Меѓу граѓаните на протестот беше и актерот Владо Јовановски. Тој потенцираше дека протестира затоа што станува збор за зачувување и одбрана на унитарноста на Република Македонија и пред се на македонскиот јазик кој е корен за нашиот опстанок и идентитет.

„Ова е можеби само почеток, овие луѓе што овде се собрани имаат јуначко срце затоа што татковината не се брани со продажба на државните интереси туку со душа срце и љубов, рече Јовановски.

Организаторите најавуваат протестен марш и за утре.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here