Home Спорт Раониќ го предаде четвртфиналето во Монте Карло

Раониќ го предаде четвртфиналето во Монте Карло

50
0
SHARE

Канаѓанецот Милош Раониќ го заврши настапот на Мастерсот во Монте Карло во четвртфиналето.

Раониќ поради повреда на стапалото мораше да му го предаде мечот на Томаш Бердих, кој до тој момент имаше предност од 5:2 во првиот сет.

„Чувствувам болка, не можам да се движам“, им рекол на медицинскиот тајм аут на лекарите канадскиот играч, кои му одговориле дека не можат да му помогнат.

Бердих третпат во кариерата ќе игра во полуфиналето на Мастерсот во Монте Карло, во 2007 загуби од Надал, а во 2012 од Ѓоковиќ.

Чешкиот тенисер за пласман во финалето ќе се бори со победникот од дуелот меѓу Григор Димитров и Гаел Монфилс.
Copyright 2015 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here