Home Главни Вести Реализирани два преокти, целна група младите во Општина Чашка

Реализирани два преокти, целна група младите во Општина Чашка

388
0
SHARE

Извидничкиот одред Димитар Влахов од Велес и Училишниот спортски клуб при основното училиште Петар Поп Арсов од село Богомила, Општина Чашка се носители на два проекти кои се дел од глобалниот проектот „Градење локални капацитети за креирање на младински политики. Финансиските средства се обезбедени од Европската унија, а во имплементација на ПСМ Фондација и Фондација Евро Центар.
Вредноста на проектот „Со спортот до подобар свет“ е околку 180 илјади денари. Со овие средства организаторот, училишниот спортски клуб при основното Петре Поп Арспов од Богомила предвидува да постави мини фитнис центар на отворено составен од осум справи и печатење брошура насловена како „Спортот и здравата храна –наше секојдневие“, а веќе набавени се и 36 комплет дресови за ученици од основните училишта во селата Богомила , Горно Јаболчиште и Населба Чашка.
Извидничкиот одред Димитар Влахов е носител на прокетот „Создаваме подобар свет“. Преку овој проект во декември, минатата година и јануари годинава реализирани се два младински кампа во Извидничкиот центар Голозинци. Целта на овие кампови беше реализација на обука на неформално образование како и иницирање на локална младинска стратегија на Општина Чашка. Овие два кампа ги посетија 40 млади на воздраст од 14 до 20 години. Вредноста и на овој проект е околу 180 илјади денари.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here